Прибе: Сите сили да се насочат кон владеење на правото
„Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија укажува на значаен напредок во одредени области, но постојат и доста области каде уште мора многу да се сработи, да се спроведат неопходни реформи во евроинтегративниот процес. Очигледно е дека во извештајот централно прашање и приоритет е посочено владеењето на правото со сите аспекти што ги подразбира“, рече Прибе.