Шилегов: Град Скопје нема надлежност за сите дивоградби од Скопје 2014
„Град Скопје под свои ингеренции има исклучиво пет споменици, од кои веќе еден отстранивме, а за останатите во тек е постапката. Ги имаме и оние чудовишта од галии во коритото на реката Вардар за кои веќе водиме постапка, а јас морам да водам сметка и за буџетските средства и да ја намалам штетата која ќе може да се предизвика на буџетот на Град Скопје“, рече Шилегов.
Според него, „нелегалноста на проектот Скопје 2014 е видлива“ и дека за тоа зборувале уште кога биле опозиција.