Ердоган убеден во победата во првиот круг
"Нема никаков проблем во однос на поддршката која ја уживаме според анкетите за јавно мислење. Јасно е дека изборите ќе завршат во првиот круг", изјави синоќа Ердоган во интервју за турската телевизија Стар.
Турскиот претседател, исто така, рече дека народот на Турција му е верен, и дека тој има „значителна предност што не може да се спореди со поддршката за другите партии".
"Бројот на пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот во Ппарламентот треба да биде над 300", рече шефот на државата.
Ердоган е претседател на Турција од 2014 година. Од 2003 до 2014 година беше премиер.На 24 јуни, во Турција ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори.