Избрани новите министри и заменици министри
Во рамки на реконструкцијата на Владата за заменик-министер за надворешни работи е избран Андреј Жерновски, за заменик министер за здравство Асим Муса, за заменик министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за заменик министер за транспорт и врски Садик Беќири.
Како нови коалициски партнери во Владата влегуваат крилото на Беса на Африм Гаши и ДПА, кои имаат министерски места, како и Сојузот на Ромите.Предлогот за нови министри премиерот Заев до Собранието го достави минатата недела, а е резултат на неговите преговори и со нови коалициски парнери со кои го зголеми парламентарното мнозинство.