Симовски: Во 2011 дозволивме политиката да влезе во пописот
„Сеедно кои биле причините и какви биле причините, овој срам ќе си го носиме уште долго време. Се надевам дека со спроведување на новиот попис ќе успееме да докажеме дека, сепак, сме кадарна институција да направиме едно вакво статистичко истражување. Таа вина мораме да си ја признаеме. Таа вина беше поради тоа што дозволивме или ги отворивме ширум портите за влегување на политиката во пописот. Тоа е нешто што не смееме да си го дозволиме, барем додека сум јас тука и тврдам дека тоа нема да се случи. Може ќе има обиди секакви, меѓутоа ќе истраеме такво нешто да не дозволиме, туку да биде тоа што треба да биде – статистичка операција и ништо повеќе“, вели во интервјуто Симовски.
Тој информираше дека пописот во Македонија ќе се спроведе од први во 21 април 2020 година.