Ќе се гради нова Градска болница на местото на Мајчин дом во Скопје
„Заеднички заклучивме дека е потребно делот за Клиничкиот центар во Скопје да се откаже, а понатаму да аплицираме за нашиот нов концепт. Тоа и го направивме. На крајот на месецов е закажан нов состанок со претставници на банката за дополнително кредитирање за новиот Клинички центар и во наш план е нова болница на местото на сегашниот Мајчин дом“, рече Филипче, одговорајќи на новинарско прашање по отворањето на Сензорната соба во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје.
Филипче појасни дека Мајчин дом е место каде можат да се изградат 19.000 метри квадратни и смета оти е најсоодветно за да се префли старата Градската болница, која се наоѓа спроти Собранието на РМ изафаќа простор од околу 5.000 метри квадратни.