Италијанскиот ќе биде втор изборен јазик во македонските училишта
Владата на седница на 6 март годинава донесе одлука италијанскиот јазик да се изучува изборно во основните и средните училишта како втор странски јазик, на ниво со другите изборни јазици - француски и германски.
Наставниците кои дипломирале италијански јазаик, а некои од нив го предаваат во приватните училишта за странски јазици, од учебната 2018/2019 година ќе имаат можност да работат со ученици во редовната настава кои ќе се заинтересираат за изучување на јазикот.