Уапсен Нигериец на аеродром во Атина, проголтал еден килограм кокаин
На меѓународниот аеродром во Атина, грчката полиција уапси Нигериец, кој проголтал 67 пакетчиња кокаин со тежина од 1,1 килограм.
Четириесетгодишниот Нигериец пристигнал од Брисел.
Дрогата е конфискувана, а тој ќе биде изведен пред суд.