Временска прогноза - Сончево и топло време
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температурата ќе се движи од 18 до 24 степени. Во Скопје слично време со температура до 23 степени.
Во наредните денови ќе биде стабилно и суво и од недела ќе има пораст на дневната температура. Во вторник се очекува извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд.