Над 180 уапсени на протестите на опозицијата во Ерменија
Повеќе од 180 луѓе се уапсени во ерменскиот главен град Ереван, соопштија властите, откако полицијата се обиде да ги запре поддржувачите на опозицијата да ги блокираат улиците во протестот против изборот на поранешниот претседател Серж Саркисијан за премиер.
Илјадници демонстранти денеска осми ден по ред излегоа на улиците на главниот град противејќи се на како што велат, обидот на Саркисијан обидот да го задржи своето влијание врз власта по неговото десетгодишно владеење како претседател кое заврши пред две недели.