Конкурсот поништен – авторите сè уште ги чекаат решенијата
Дваесетина дена по објавувањето на соопштението на Министерството за култура, во кое се известува за поништувањето на Конкурсот за откуп на нови композиции за 2017 година, со реакција се јави група македонски музички автори. Тие бараат да се преиспита одлуката и Министерството да ги преземе обврските пропишани во конкурсот.