Советот за безбедност ја отфрли резолуцијата на Русија за осуда на нападот врз Сирија
Советот за безбедност на Обединетите нации ја отфрли резолуцијата на Русија, со која се осудува „агресијата“ на САД и нивните сојузници против Сирија.
Русија претходно му предложи нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која ја осуди „агресијата на САД и нивните сојузници против Сирија поради кршење на меѓународното право и повелбите на светската организација“.
За резолуцијата на Русија, во Советот за безбедност, гласаа само Кина, Боливија и Русија.