Соумалаинен: Слободата на медиумите заживува
Слободата на медиумите во Македонија пополека почнува да заживува, но сепак постојат уште многу критични прашања, вели во интервју за МИА амбасадорката на ОБСЕ во заминување Нина Соумалаинен.
Како критични ги наведе предизвиците со кои се соочува МРТ, меѓу кои и кадровските решенија и неказнивоста на криминални дела извршени врз новинари.
Со оглед на тоа дека примарна цел на Мисијата на ОБСЕ е имплементацијата на Охридскиот договор, кој ќе биде заокружен со законот за јазиците, таа вели дека државата треба да работи со сите граѓани без разлика на нивното потекло и додаде дека јазикот е важно прашање во мултиетничките држави.