Во судница се слушаа пет „бомби“ за „Тендери
Во првиот разговор што беше презентиран, покрај Канческа Милевска и Јанакиески, учествува и директорот на ГП „Бетон“ од Штип Илија Престилски. Во разговорот Канческа Милевска ги информира Јанакиески и Престилски дека „утре ќе биде објавен тендер“, но, како што посочува, „во него е наведено се за да го добие Бетон“.
Во вториот разговор меѓу Канческа Милевска и Јанакиески таа го информира Јанакиески дека нема денар за да им плати и дека треба со ребалансот да се обезбедат средства.
Во третиот разговор меѓу Канческа Милевска и Јанакиески, таа го информира колку ја нервирал директорот на "Бетон", Илија Бресилски.
Во четвртиот разговор повторно меѓу Канческа Милевска и Јанакиески, поранешната министерка за култура продолжува да му се жали на Јанакиески од однесувањето на директорот Бреслиски.
Петтиот разговор е меѓу Гордана Јанкулоска и Елизабета Канческа Милевска од 2013 година во кој поранешната министерка за култура ја информира Јанкулоска дека се јавил некој Николче Цветановски од СВР Битола кој и ги барал документите за изградбата на Музејот на ВМРО.Тогашната министерка за внатрешни работи ја советува доколку го добие налогот да му каже дека и треба време да ги собере документите и да не му ги дава веднаш на Николче Цветановски, а во меѓувреме, како што вели, ќе провери кој е тој и за што се работи.
По презентирањето на аудио материјалите судечкиот совет даде пауза од половна час по што треба да продолжи судењето