Богов: Има простор да се подобри наплатата на даноци
Гувернерот на НБРМ Димитар Богов кој присуствува на Годишната конференција што се одржува во Охрид изјави дека фискалната политика е во ингеренција на Владата, но оти тој смета дека подобро е да се оданочуваат сегментите што досега не беа опфатени
"Монтарната политика ќе се приспособува на секоја фискална политика соодветно. Доколку фискалната политика е поконзервативна тогаш има простор моментарната да биде порелаксирана и обратно. Даночната политика не би ја коментирал, оттаму што тоа е исто така владина надлежност, истакна Богов.
Тој сугерира дека би било подобро Владата да се концентрира на оданочување на сегментите што досега не подлежеле на оданочување. Уште повеќе што и Македонија исто како и државите од регионот имаат проблем со сивата економија, која е прилично висока, а има простор за подобрување на јавните финансии токму преку зафаќање на оние економски активности што не се оданочени.