Руската Дума подготвува одговор на санкциите на САД
Група руски пратеници изготвија легислатива како одговор на новите санкции на САД, изјави заменик-претседателот на државната Дума Иван Мелников. Во нацрт-законот се предвидува забрана на увоз на стоки и услуги од САД и нивните сојузници во Русија, како и ограничување на економските врски. За ова Думата ќе расправа во наредната недела. Мелников прецизира дека станува збор, меѓу другото, и за ограничување на увозот на софтвер изработен во САД, лекови што може да се набават на друго место, тутун и алкохол. Исто така, е вклучена и забрана за соработка со САД за нуклеарната енергија, ракетните мотори и авионското производство. На 6 април САД го замрзнаа имотот и воведоа финансиски рестрикции врз руски политичари и магнати за кои се верува дека имаат блиски врски со претседателот Владимир Путин.