Словенија го повика амбасадорот во Русија на консултации
"Словенија ќе го повика својот амбасадор во Русија на консултации во Љубљана во врска со неодамнешните случувања во Велика Британија," напиша Церар на Твитер.
Шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец изјави дека амбасадорот пристигнал во Словенија и дека следува состанок во министерството за надворешни работи.
Агенцијата Хина, повикувајќи се на Ерјавец во понеделникот објави дека Словенија не одлучила да протера некој од руските дипломати во Љубљана поради аферата Скрипал.