Малала за прв пат во посета на Пакистан
Пакистански медиуми објавија видео од пристигнувањето на Малала на меѓународниот аеродром во Исламабад по силно обезбедување сочинето од конвој од 15 вооружени возила.
Според соопштението, Малала треба да разговара со пакистанските власти за можностите за промовирање на образованието во руралните региони. Малала беше застрелана на 15 години поради нејзината борба за образование на женските деца, по што беше подложена на медицински третман во Лондон каде сега живее.