Грузија протера руски дипломат поради случајот Скрипал
Грузија донела одлука да протера руски дипломат како одговор на случајот Скрипал. Грузиското МНР преку соопштение ја осуди употребата на хемиско оружје на територијата на Британија со што, како што е наведено, претставувало сериозна закана по животот и здравјето на луѓето.
Според министерството, труењето на поранешниот руски двоен шпион и неговата ќерка Јулија во британскиот град Салсбери претставува сериозен предизвик за заедничката безбедност.