Полска купува ракетни системи од САД
Претседателот на Полса, Анджеј Дуда, вели дека станува збор за историски договор за неговата земја и за нејзините вооружени сили.
„Тоа се многу пари, но од нашето историско искуство знаеме дека безбедноста нема цена“, рече Дуда.
Системот е компатибилен со технологијата што ја користат НАТО и американските војници со седиште во Полска, рече Дуда. Дел од системот ќе се прави во Полска, што ќе биде и поттик за индустријата за оружје во земјата.