Путин отворен за одржување на самит со Трамп
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков порача дека тоа зависи од САД, иако Русија е отворена за корисен и искрен однос со сите земји. Според него, Русија во моментот нема информации за подготвеноста на Трамп да се сретне со Путин по одлуката на Вашингтон да протера околу 60 дипломати.