НАТО протера седум руски дипломати
Овој потег на НАТО следува откако владите на 22 земји во светот протераа најмалку 116 руски дипломати поради труењето на агентот Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија на четврти март.
Москва го обвини Вашингтон дека врши притисок врз сојузници да протераат дипломати и најави одговор на таквите потези.