ОБСЕ со беспилотни летала ќе ја набљудува источна Украина
Според соопштението на мисијата која го набљудува конфликтот источна Украина меѓу владините сили и проруските сепаратисти програмата од утре ќе биде ставена во функција во градот Костантиновка. Беспилотните летала, како што е наведено, ќе помогнат во напорите за надминување на пречките во набљудувањето на конфликтот во источна Украина.