Димитров очекува поместување во спорот за името на средбата во Виена
Тој порача дека проблемот е најважен за Македонија, но има и важни регионални импликации и влијае врз политиката на ЕУ кон Балканот. Димитров на прес-конференција со австриската колешка Карин Кнајсл порача и дека во процесот мора да се земат предвид позициите и аргументите на двете страни и тоа е патот што ќе ги донесе кон решение.