Власта се фали со раст на платите, опозицијата обвинува за опаѓање на стандардот
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека пораст на плати во Македонија нема, туку дека се работи за промена на методот на прибирање на податоци за плата. Од партијата реагираат дека секојдневно поскапува потрошувачката кошничка и дека наместо покачување на пензиите, сега се случува намалување на животниот стандард, односно реално осиромашување.