Москва негира дека финансиски им помага на Талибанците
"Повторно истакнуваме дека таквите изјави се неосновани и апелираме на официјалните лица да не зборуваат глупости", соопштуваат од амбасадата во Кабул.
Генералот Џон Николсон минатата недела изјави дека Русија се обидува да ги поткопа напорите на САД иако имаат заеднички интерес во борбата против тероризмот и наркотиците, наведувајќи дека Москва им дава на Талибанците финансиска поддршка па дури и оружје.