Обама: Изолацијата на Пјонгјанг ќе ги отежне преговорите со Северна Кореја
„Изолацијата на Пјонгјанг ќе ги отежне преговорите за севернокорејската нуклеарна програма,“ нагласи Обама на предавање во Токио.
Според Обама, Северна Кореја и онака е изолирана земја и заложбите за нејзина дополнителна изолација само ќе го стесни просторот за притисок врз Пјонгјанг. Тој истакна дека партнерството меѓу САД и Јапонија останува стабилно и дека Вашингтон е целосно посветен за заштита на својот јапонски сојузник. Предавањето на Обама во Токио беше одржано во рамки на неговата турнеја низ Азија, која е финасирана од јапонска невладина организација.