МВР е отворено за соработка со синдикатот
Од синдикатот го повикаа министерот на терен да се увери дека не се поделени чизми за сите полицајци како што тој изјавил, туку дека само една третина имаат добиено нови обувки.
Во соопштението на МВР, пак се наведува дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изминатиот период имал неколку средби со претставниците на Независниот синдикат и дека во изминатите неколку месеци, биле направени конкретни активности првенствено во насока на подобрување на условите и стандардите на работа на полициските службеници.
Врз основа на направени проценки, се вели во соопштението, изготвен e план за обновување или целосна реконструкција на полициски објекти за различна намена, при што досега пет такви објекти веќе се предадени во употреба, а во поглед на елементарните потреби за нормално функционирање на полицајците се започнало со набавка на нова и комплетна полициска опрема.