Анкета: Мнозинството Срби се против членство на земјата во НАТО
Денеска се одбележува 19-тата годишнина од воената операција на НАТО против Србија. Како главна причина за 78-дневната операција, раководството на НАТО го посочи спречувањето на геноцидот на албанското население во Косово. Извинување од НАТО не би прифатиле два проценти од испитаниците, додека една третина, претежно млади луѓе, би прифатиле. Според 68 отсто анкетирани, Србија не може да има корист од членството во НАТО.
Повикувајќи се на податоци на Фондот за хуманитарно право, Институтот за европски прашања наведува дека во бомбардирањето на НАТО против СРЈ биле убиени вкупно 758 лица. Анкетата е спроведена од 16 до 20 март, на примерок од 1.203 граѓани.