Самоопределување ќе бара оценка на уставноста на Договорот за демаркација
Косовоското опозициско движење Самоопределување ќе побара оценка на уставноста на Законот за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше усвоен вчера во косовскиот Парламент, соопшти пратеничката на оваа партија Албулена Хаџиу.
„Ние одлучивме Законот да го испратиме на оценка до Уставнот суд, работиме на тоа. Ние ќе го направиме тоа во рок од осум дена од денот на неговото донесување, како што е предвидено со Уставот“, изјави Хаџиу истакнувајќи дека Законот во многу аспекти не бил во согласност со Уставот, особено кога станува збор за „повреда на територијата на Косово“.
Косовскиот Парламент синоќа по повеќе обиди го ратификуваше Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, на што се спротвствуваше Самоопределување, чии пратеници ја попречуваа постапката со активирање на солзавец во собраниската сала во четри наврати.