За Русија е рано да се зборува за напредок во односите со САД
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека е рано да се зборува за напредок, туку треба да се зборува за воспоставување на почетна точка за дијалог. На 20 март во телефонски разговор Трамп му ја честиташе на Путин победата на изборите и новиот шест годишен мандат на функцијата.