Објавени финалистите за наградата за храброст на жените
Државниот заменик секретар Џон Саливан ќе биде домаќин на утрешното доделување, а свое обраќање ќе има и првата дама Меланија Трамп. Ферида Рушити од Косово е меѓу номинираните. Таа е основач и директор на Центарот за рехабилитација на жртвите од тортура, чиј активизам доведе до одлука на властите да обезбедат пензии на жртвите на сексуално насилство за време на војната во Косово.