Врховниот суд одлучува по жалбите на притворените пратеници
Врховниот суд се очекува денеска да ги објави одлуките по жалбите на 15 обвинети за насилството во Собранието на 27 април минатата година. Се бара укинување на решенијата на Апелацискиот суд за мерките притвор и куќен притвор и изрекување на поблаги казни.
Меѓу обвинетите кои се жалат пред Врховниот суд се поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски кои се во притвор, а пратеникот Љупчо Димовски и оперскиот пејач Игор Дуловски кои се во куќен притвор.