На продажба најголемата медиумска групација во Турција
Турската компанија „Доган холдинг“ денеска соопшти дека започнала преговори за продажба на најголемата медиумска групација во земјата на „Демирорен холдинг“, чиј сопственик е близок до претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Доган холдинг“ е сопственик на весникот Хуриет, како и на телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Се стравува дека со продажбата ќе се зголеми контролата на власта врз медиумите.