Ѕанакопулос ги повтори грчките позиции за име за севкупна употреба
Тој ги повторил позициите на Атина без да посочи што точно содржи нацрт-спогодбата која ја испрати земјата во Македонија. Според него, текстот се базира на општата позиција на грчката влада, односно сложено име за севкупна употреба за што ќе биде потребна измени во Уставот на Македонија.