ВМРО-ДПМНЕ: Џафери не смее наместо Иванов да го потпише Законот за јазици
„Уставот мора да се почитува. Без потпишан указ од страна на Претседателот на Република Македонија нема закон, а доколку некој се обиде и се дрзне да го прекрши Уставот ќе сноси и соодветна кривична одговорност“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека законот е неуставен и целосно неприменлив, а последиците ќе бидат огромни и штетни по државата.