Демонстрантите пред Влада побараа правда за Алмир
Демонстрантите се противат на одлуката на обвинителството да го преквалификува кривичното дело за случајот. Детето Алмир Алиу беше прегазено со автомобил од Илиќ, по претходна расправија меѓу возрасните.
Судскиот случај по две години од убиство беше преквалификуван во сообраќајна незгода. Оштетените сметаат дека детето било згазено намерно и оти Илиќ треба да одговара за убиство. Министерот за правда Билен Саљији вечерва поднесе оставка на функцијата од, како што рече, морални причини по разнишаната доверба во судството .