САД - Русија го крши договорот за нуклеарно оружје
Американските претставници сè поагресивно и се спротивставуваат на Москва за крстосувачките ракети, за кои Вашингтон уште пред четири години оцени дека го кршат Договорот за нуклеарни сили од среден дострел од 1987 година.
Уште од 2014 година кога беше обвинета дека со развојот на ракетите го прекршува договорот, Москва ги отфрла американските обвинувања и тврди дека Вашингтон всушност веќе го напуштил договорот од за контрола на оружјето од советско време.
Договорот за нуклеарни сили од среден дострел ги забранува сите копнено лансирани крстосувачки ракети од среден дострел и балистичките ракети од Европа. Долго време се сметаше за клучен договор за контрола на оружјето меѓу Москва и Вашингтон кој ги намали заканите од дестабилизација на Европа.