Џонсон го обвини Путин за нападот на поранешниот шпион
Тој порача дека британските власти немаат ништо против Русите, туку нивната кавга е со Путин и Кремљ кои дозволиле да се употреби нервен гас на улиците во Европа за прв пат од Втората Светска војна.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека било која сугестија оти Путин е вмешан во нападот е шокантна и е непростливо кршење на дипломатските правила и пристојно однесување.