Мирна состојбата со морбили во Македонија
Следејќи ја состојбата со епидемии на морбили во соседните држави, со појава на смртни случаи, а имајќи ги предвид честите меѓународни патувања и комуникација, како и нискиот опфат со вакцинација против морбили во државата, Комисијата за заразни болести донела заклучоци, со цел спречување појава и ширење на морбилите во државава.
Од таму препорачуваат службите за имунизација при здравствените домови да ги интензивираат активностите за проверка на евиденцијата и изнаоѓање невакцинирани или непотполно вакцинирани деца и да ги вакцинираат, лекарите да обрнат посебно внимание на исипните трески кај пациентите, лицата кои патуваат во држави каде има активни епидемии на мали сипаници да го проверат својот вакцинален статус, а родителите навремено да ги вакцинираат своите деца.