Заев: Со Законот за употреба на јазиците не губи никој
„Со унапредување на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите. Непречената комуникација на граѓаните е цивилизациска придобивка“, наведува Заев.
Тој порача и дека законот истовремено ја гарантира соодветната употреба на македонскиот јазик.