ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата за Законот за јазици
Мицкоски истакна и дека во минатото партијата повикувала за разум, почитување на законите, Деловникот на Собранието и Уставот на Македонија. На дополнително новинарско прашање како ВМРО-ДПМНЕ ќе дејствува на утрешната седница, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека нивните пратеници ќе присуствуваат на седницата, а за натамошните чекори јавноста ќе била благовремено информирана.