Русин притворен за напад на европското првенство во Франција
Еден руски државјанин бил притворен во јужниот француски град Марсеј во врска со нападот за време на европското фудбалско првенство во 2016 година кога еден англиски фан беше сериозно повреден. 31 годишниот осомничен, чии име не е објавено во јавноста доколку биде обвинет се соочува со казна затвор до 15 години поради обид за убиство и нанесување тешки телесни повреди.
Тој и бил предаден на Франција од страна на германските власти кои го уапсиле на аеродромот во Минхен во минатиот месец. Руската амбасада во Берлин се противеше на апсењето.