Mej: Зад труењето на шпионот најверојатно стои Русија
Во својот говор во парламентот таа рече дека или руската држава е одговорна за труење на 66-годишниот Сергеј Скрипал и неговата 33-годишна ќерка Јулија во градот Салсбури, или дека таа ја дала супстанцијата на некој друг кој го извршил нападот.
Таа додаде дека рускиот амбасадор бил повикан да објасни кој е нервниот гас кој се користел против поранешниот шпион и тој има рок до утре да даде веродостоен одговор. Ако Москва докаже дека е зад труењето, Меј вели дека нејзината влада тоа ќе го смета за "незаконска употреба на сила" од страна на Русија.
„Со оглед на "руската евиденција за спроведување на атентати спонзорирани од државата и нашата проценка дека Русија гледа некои дезертери како легитимни цели за атентати, владата заклучи дека е многу веројатно дека Русија е одговорна за делото против Сергеј и Јулија Скрипал", рече таа пред пратениците по состанокот на Националниот совет за безбедност на земјата
Претседателот Владимир Путин, кој зборуваше само неколку часа пред Меј, рече дека официјалните лица во Велика Британија прво треба да дознаат што точно се случило во Солсбери пред да ја обвини Русија за инцидентот.