Хејли: Ако не дејствуваат ОН, ќе дејствува САД во Сирија
„Тоа не е патот што го преферираме, но тоа е пат за кој покажавме дека по него ќе тргнеме и подготвени сме да тргнеме повторно“, изјави Хејли во Советот за безбедност на ОН.
Предупредувањето на Хејли дојде откако САД побараа од Советот за безбедност да инсистира на итен 30 дневен прекин на огнот во Дамаск и источна Гута во Сирија.