Путин не се грижи ако Руси се мешале во изборите во САД
„Зошто одлучивте дека руските власти, вклучително и себе си, дале кому било дозвола да го прави тоа?“ праша Путин.
На прашање околу одлуката на американскиот Специјален совет предводен од обвинителот Роберт Мулер да се подигнат обвиненија против 13 Руси и три руски компании за водење на кампања на социјалните медиуми со цел да предизвикаат политички поделби во САД и да му помогнат на Доналд Трамп во претседателската трка рускиот претседател одговори:
„Па што ако се Руси? Има 146 милиони Руси. Па што? Не ми е грижа. Не би можел помалку да се грижам. Тие не ги претставуваат интересите на руската држава“ рече Путин.
Тој додаде и дека обвинетите поединци не работат за владата и дека тие можеби работеле за некои од претседателските кандидати во САД. Притоа коментираше дека во обвинението од 37 страници тој не видел докази дека со активностите на обвинетите е прекршен некој закон. Сепак, рускиот претседател изјави дека нема да екстрадира обвинетите во САД за да бидат судени, објаснувајќи дека според руските закони не може да се обвини никој што не ги прекршил руските закони.