Лондон- четворица уапсени откако се качиле на балконот на амбасадата на Иран
Протестантите кои не успеаја да влезат внатре во зградата самите се предадоа на полицијата по три часа минати на балконот на амбасадата на кој развеаја сино-бело знаме.
Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи изјави дека Иран упатил протест до Британската влада поради инцидентот. Иранската државна новинска агенција ги нарече протестантите „припадници на екстремен култ“ кои живеат во Британија. Од иранското министерство е побарано да се обезбеди апсолутна заштита за иранските дипломати во Лондон и итно справување со напаѓачите. Портпаролот на британското министерство за надворешни работи изјави дека за нив безбедноста на дипломатите и дипломатските мисии во Обединетото Кралство е од највисока важност.