Семејство на почината во некролог ги обвини лекарите за нејзината смрт
Семејството обвинува дека екипата на Брзата помош одбила да дојде на нивниот повик, најавувајќи дека детали за целиот случај ќе изнесе по погребот.
Поради целиот случај, кој денеска е една од главните теми во Врање, градскиот Здравствен центар соопшти дека веќе е формирана Комисија за вонреден стручен надзор и дека е известен Здравствениот инспекторат.
Директорот на врањскиот Здравствен центар, Драган Величковиќ само кусо изјави дека „не сака да го коментира случајот, затоа што станува збор за чувствителна тема“.