Анѓушев-Емилиевич: Зголемена економска соработка меѓу Македонија и Полска
Анѓушев информира дека Владата на Македонија ја донесе среднорочната Програма за поддршка на иновации со која ќе се даде голема поддршка за малите и средните компании, а оти во процедура е и Законот за финансиска поддршка на инвестициите со кој ќе се поддржат нови инвестиции, технолошки развој и отворање на нови работни места во македонските компании.
Министерката Емилиевич посочи дека и Владата на Полска работи на имплементација на мерки за раст и развој на полската економија кои, како што рече, базираат на поддршка на истражувањето и развојот. Целта на оваа политика е растот на економијата да се базира на технолошки развој, а не на користење евтината работна сила.
Тие истакнаа дека за поинтензивни економски односи меѓу Македонија и Полска, потребна е поголема соработка меѓу стопанските комори во двете земји.