ЕУ се закани со одговор на тарифите за увоз кои ги најави Трамп
Европскиот комесар за трговија Сесилија Малмстром изјави дека ЕК се надева оти ќе ја убеди американската администрација дека тоа не е правилниот чекор. Според неа, со таквите мерки ќе се стават во опасност илјадници работни места во ЕУ и затоа е потребен цврст и пропорционален одговор.